Протести во светот против обидот за воен удар во Турција на 15 јули

Предавничкиот бунт на 15 јули извршен од страна на терористичката организација ФЕТО беше протестиран на одржаните протести во главните градови на Македонија, Канада, Франција и Ирак

536163
Протести во светот против обидот за воен удар во Турција на 15 јули
paris fetö protesto.jpg

Продолжуваат да пристигнуваат реакции од целиот свет против обидот за воен удар на 15 јули од страна на припадниците на терористичката организација ФЕТО.

Предавничкиот бунт беше протестиран на одржаните протести во Македонија, Франција и Канада.

На протестот во главниот град на Македонија Скопје каде што пред амбасадата на Турција се собраа голем број Турци беше дадена пораката дека во Турција никој не може да и се спротивстави на народната волја.   

Од друга страна и некои ученици кои дипломирале од еден колеџ во Скопје кој е поврзан со терористичката организација ФЕТО во знак на реакција против обидот за воен удар ги запалија своите дипломи.

Дипломираните ученици ги повикаа семејствата никако да не ги испраќаат своите во школите на терористичката организација ФЕТО и ја дадоа пораката: „Ние порано погрешивме и вие немојте да го направите истото.“ 

Во градот Торонто во Канада стотици турски граѓани кои живеат приближно 10 илјади километри далеку од својата татковина исто така со знамиња во своите раце  го проколнаа обидот за воен удар на 15 јули извршен од страна на терористичката организација ФЕТО.

На одржаниот протест пред Генералниот конзулат на Турција учесниците извикуваа „Не“ за воен удар. 

Обидот за воен удар во Турција беше простетиран и во главниот град на Франција, Париз.

На протестот  на плоштадот Трокадеро во близина на Ајфеловата кула учествуваа голем број турски и француски граѓани.

На почетокот на протестот беше пеена турската национална химна, а потоа учесниците извикуваа слогани „Шехидите не умираат, татковината е неделлива“, „Да се воведе смртната казна, бараме смртна казна“, „ Удри нека ечи, нека слушне ФЕТО“, „Се за татковината“.

Освен тоа учесниците на протестот носеа транспаренти на кои пишуваше „Не за воените удари“, „Имајте почит во изборот на народот“, „Оној кој доаѓа со избори не може да оди со воен удар“, „Во стража за демократијата“, а во своите раце носеа турски знамиња.

Голем број Туркменци се собраа и пред зградата на Ирачкиот туркменски фронт во градот Ербил во Ирак каде што обидот за воен удар во Турција го окарактеризираа како предавнички напад.

Пратеникот на Ирачкиот туркменски фронт од градот Ербил Ајдин Маруф рече: „Ние како ирачки Туркменци уште првиот ден го осудивме овој обид за воен удар. Денеска исто така сакаме да покажеме дека стоиме покрај нашите браќа кои стражарат за чување на демократијата.“ 



Слични вести