Укинати воведените ограничувања за летовите од Русија за Турција

Руската агенција за цивилно воздухопловство (Rosaviation) објави соопштение во кое се вели дека почнувајќи од денеска се укинуваат ограничувањата кои што беа применувани за редовните летови од Русија за Турција

534824
Укинати воведените ограничувања за летовите од Русија за Турција

Руската агенција за цивилно воздухопловство (Rosaviation) соопшти дека се укинуваат ограничувањата кои што беа применувани во врска со летовите за Турција.

Во објавеното соопштение на агенцијата се истакнува дека турските надлежни органи дале гаранција дека ќе бидат преземени дополнителни безбедносни мерки и дека со донесената одлука во оваа насока почнувајќи од денеска се укинуваат ограничувањата кои што беа применувани за летовите од Русија за Турција.

По обидот за воен удар извршен од страна на терористичката организација ФЕТО на 15 јули беше соопштено дека руските авионски компании ги прекинуваат за привремено редовните летови за Турција.



Слични вести