Церемонии за сеќавање на жртвите-шехиди за време на обидот за воен удар се одржуваат и во странство

Церемонии за сеќавање на жртвите-шехиди за демократија за време на обидот за воен удар на 15 јули беа одржани и во Рамалах во Палестина, Торонто во Кана и Скопје во Македонија

535196
Церемонии за сеќавање на жртвите-шехиди за време на обидот за воен удар се одржуваат и во странство

Се одржуваат церемонии за сеќавање на 246-те жртви кои станаа шехиди за време на обидот за воен удар на 15 јули и во странство.

Во чест на жртвите-шехиди се читаат Куран-и Керим и дови и се клањаат џеназе намази во отсуство...

Церемонии за сеќавање на жртвите-шехиди за демократија беа одржани во Рамалах во Палестина, Торонто во Кана и Скопје во Македонија.

Во градот Рамалах во Палестина беше поставен шатор за сочувство и беше читан мевлид за душите на жртвите-шехиди за време на обидот за воен удар на 15 јули.

На церемонијата во чест на жртвите-шехиди за демократија во Торонто во Канада учествуваа голем број Турци.

Во рамките на церемонијата се клањаше и џеназе намаз во отсуство за 246-те жртви кои станаа шехиди за време на обидот за воен удар на 15 јули.

Во главниот град на Македонија, Скопје во џамијата Дуканџик се читаше Хатим-и Шериф, а беа читани и дови за жртвите-шехиди.



Слични вести