Обидот за воен удар на терористичката организација наиде на широк оддек во светскиот печат

Англискиот печат и медиуми потенцира на значењето на излегувањето на граѓаните на улиците и плоштадите против обидот за воен удар

530682
Обидот за воен удар на терористичката организација наиде на широк оддек во светскиот печат

Обидот за воен удар на терористичката организација ФЕТО наиде на широк оддек во светскиот печат

Англискиот печат и медиуми потенцираa на значењето на излегувањето на граѓаните на улиците и плоштадите против обидот за воен удар.

Весникот „Фајнаншл тајмс“ веста за случувањата во земјава ја објави под наслов „Обидот за воен удар предизвикува хаос во Турција“.

Обидот за воен удар беше ограничен само со случувањата во Истанбул и Анкара, контролата на пучистите повторно беше воспоставена дури во утринските часови. Обидот беше спречен со излегувањето на граѓаните на улиците против пучистите.

Во веста меѓудругото се објавува и изјавата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган кој рече дека „земјата нема да им ја препуштиме на окупаторите“.

Англиската новинска агенција и ТВ куќа БиБиСи во веста посветена на случувањата во Турција истакнува дека и меѓународната заедница зазеде став против обидот за воен удар.

Во веста се истакнува дека и американскиот претседател Барак Обама го повика светот да ја поддржи владата која беше избрана по демократски пат, додека НАТО изрази почит кон демократските установи на Турција.

БиБиСи меѓудругото ги објави и впечатоците на фоторепортерот Пјеро Кастељано од случувањата во Анкара кој рече:

Ова навистина беше нешто неочекувано. До синоќа во Турција секогаш постоеше цврста поврзаност меѓу војската и народот. Луѓето беа шокирани кога беше отворен оган врз нив од страна на војниците, рече Кастељано.



Слични вести