Судир на два товарни брода во внатрешното Сето Море во Јапонија

Во објавеното соопштение од јапонската крајбрежна стража се истакнува дека во внатрешното Сето Море во близина на градот Химеџи во провинцијата Хјого дошло до судир на два товарни брода во кој животот го загубија две лица

530182
Судир на два товарни брода во внатрешното Сето Море во Јапонија

Во внатрешното Сето Море во Јапонија дојде до судир на два товарни брода при што во несреќата животот го загубија две лица.

Во објавеното соопштение од јапонската крајбрежна стража се истакнува дека несреќата се случила во близина на градот Химеџи во провинцијата Хјого во западниот дел на земјата.

Едниот од товарните бродови кои беа замешани во судирот „Јамато Мару“ потона, а вториот товарен брод беше одвлечен во пристаништето во Химеџи.



Слични вести