Силите на Асад започнаа нови напади врз Туркменската планина

Според добиени информации од локални извори сириските режимски сили почнувајќи од пладневните часови почнале да ги гаѓаат со хаубици и ракети селата на Туркменската планина под контрола на опозиционерите

530183
Силите на Асад започнаа нови напади врз Туркменската планина

 

Воените единици лојални на режимот на Асад започнаа нови напади со ракети и хаубици врз Туркменската планина во руралните подрачја на градот Латакија.

Според добиени информации од локални извори сириските режимски сили почнувајќи од пладневните часови почнале да ги гаѓаат со хаубици и ракети селата на Туркменската планина под контрола на опозиционерите.

Во нападите била погодена и пограничната линија Арфали која беше отворена за доставување на хуманитарна помош на населеното во подрачјето.

Звуците од експлозии се слушаат и од населеното место Јајладаги кај градот Хатај во непосредна близина на границата со Сирија.



Слични вести