Предупредување од МНР на Палестина до арапските земји во однос на последните изјави на Нетанјаху

Министерството за надворешни работи на Палестина ги предупреди арапските земји во однос на неодманешните изјави на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кој истакна дека неговата земја сака да се нормализираат односите со арапските земји

529860
Предупредување од МНР на Палестина до арапските земји во однос на последните изјави на Нетанјаху

Палестинското министерство за надворешни работи ги предупреди арапските земји со кои неодамна израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека посакува да бидат нормализирани односите.

Во објавеното писмено соопштение од палестинското министерство за надворешни работи се вели следното: „Во период кога владата на Нетанјаху и различните продолжетоци на Израел сакаат да ја одолговлечат окупацијата, да ги евреизираат палестинските територии и вложуваат напори да им нанесат удар на суверената палестинска држава која ќе располага со способност да се одржи во живот ги повикуваме арапските земји да бидат внимателни во однос на предлогот на Нетанјаху.“

Во истото соопштение се привлекува внимание дека псоледнита изјави на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се во својство на порака испратена до повеќе од една страна, а воедно се додава дека израелскиот премиер Нетанјаху сака да даде слика пред јавноста дека постигнува победи и дипломатски успеси и дека неговата влада не е подложена на осаменост.

„Нетанјаху за да го спречи патот на меѓународните напори за мир се обидува да ја распространи мислата дека може да се постигне мир со посредство на регионалните актери. Сака да прикаже слика како да се обидува да бара можност со која ќе се обезбеди со посредство на арапоските актери да се врати кон палестинско-израелските преговори.“ - се наведува во соопштението на палестинското министерство за надворешни работи.

Инаку иозраелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во говорот што го доржа на церемонијата на доделување на дипломите на студентите на Академијата за национална безбедност во Ерусалим истакна дека првенствено односите и нормализицијата кои ќе се воспостават со арапскиот свет ќе може да се придонесе за воспоставување на посовесен и стабилен мир со Палестинците. 

Оваа изјава на Нетанјаху се коси со мировната иницијатива која е потпишана од страна на арапските земји во 2002 година и која пред да се нормализираат односите со Израел се предвидува да се формира државата Палестина во границите од пред 1967 година.



Слични вести