Предлог од САД до Русија за заедничко делување во Сирија

Предлогот го содржи повикот за бомбардирање на заеднички утврдени цели во Сирија што пак опфаќа формирање на командни центри и заедничко делување на двете земји

529571
Предлог од САД до Русија за заедничко делување во Сирија
ABD Rusya Suriye1.jpg

САД и предложија на Русија да делуваат заедно во воената сфера во Сирија.

Според веста објавена од страна на весникот „Вашингтон пост“ американската администрација и достави предлог на Русија за решавање на граѓанската војна во Сирија која продолжува веќе 5 години.

Американскиот државен секретар Џон Кери кој ќе престојува во посета на Москва се очекува да разговара со руските власти по ова прашање.

Предлогот го содржи повикот за бомбардирање на заеднички утврдени цели во Сирија што пак опфаќа формирање на командни центри и заедничко делување на двете земји.

Во командните центри за кои се предлага да се формираат во главниот град на Јордан Аман се предлага заедно да работат американски и руски војници.

Во документот се предлага да се бомбардираат цели на терористичките организации ДЕАШ и Ел Нусра и двете земји да ги обединат своите разузнавачки искуства и да реализираат заеднички воздушни напади врз овие терористички организации.

Американската администрација во предлогот составен од 8 страници истакнува дека воените единици лојални на режимот на Бешар Асад треба да реализираат напади само на места кои ќе бидат утврдени од страна на САД и Русија.

Во предлогот се упатува повик до Русија за целосно применување на договорот за прекин на судирите во Сирија, а исто така американската администрација бара од Русија да придонесе во процесот на политичка транзиција во Сирија.

Американскиот државен секретар Џон Кери избегна да го изнесе својот став во врска со доставениот предлог од неговата земја на Русија и само го рече следното: „Вечерва заминувам за Москва на средба со рускиот претседател Владимир Путин. Ќе имаме доволно време за разгледување на прашањето и ќе видиме каде стоиме.“



Слични вести