Филипинската армија уби 40 терористи на организацијата Ебу Сajаф

Филипинската армија во реализираните операции против терористичката организација Ебу Сајаф која минатиот месец киднапира 10 индонезиски морепловци уби 40 терористи, а фати 37 терористи

529985
Филипинската армија уби 40 терористи на организацијата Ебу Сajаф

Во операциите на филипинската армија врз терорстичката организација Ебу Сајаф која минатиот месец киднапира 10 индонезиски морепловци беа убиени 40 терористи, а 37 терористи беа фатени.

Индонезискиот министер за одбрана Риамизард Риаџуду рече: „Делуваме во координација со филипинската армија. Филипинската армија веќе неколку дена ги продолжува своите операции со поддршка на 10 илјади војници, хеликоптери и топовски единици.“

Риаџуду истакна дека здравствената состојба на индонезиските морепловци кои беа замени во заложништво од страна на терористичката организација Ебу Сајаф била добра и дека за нивно ослободување и за неутрализирање на оваа организација идната недела Индонезија, Малезија и Филипините ќе одржат состанок.

Терористичката организација Ебу Сајаф минатиот месец киднапира 7 а минатата недела уште тројца индонезиски морепловци кои се уште се држат во заложништво.

Истата организација киднапира 14 индонезиски морепловци и во март по што како резултат на интензивните напори на индонезиската и филипинската влада овие киднапирани морепловци во мај беа ослободени и се вратија во нивната земја.

Терористичката организација Ебу Сајаф која е поврзана со терористичката организација Ал Каеда од 1991 година делува во Малезија и Индонезија и е позната по случите на киднапирање.

Ебу Сајаф за двајца Канаѓани кои ги киднапира во септември побара откуп во висина од 8 милиони канадски долари и даде рок до 25 април.

На 26 април беше убиен едниот од заложниците по име Џон Ридсдел.



Слични вести