Во воздушни напади на воени авиони на сирискиот режим загинаа 28 лица

Во реализирани воздушни напади од страна на воени авиони на сирискиот режим на чаршија и пазар во градовите Хомс и Идлиб животот го загубија 28 лица, а голем број лица беа повредени

528826
Во воздушни напади на воени авиони на сирискиот режим загинаа 28 лица

Воени авиони на сирискиот режим реализираа воздушни напади на чаршија и пазар во градовите Хомс и Идлиб кои се наоѓаат под контрола на опозиционерите во кои животот го загубија 28 лица, а голем број лица беа повредени.

Повредените во нападите од страна на екипите за цивилна одбрана и здравство беа префрлени на лекување во полски болници.

Во бомбардирањата беа оштетени голем број работни места и возила и се стравува од можноста за зголемување на бројот на загинатите во овие воздушни напади.



Слични вести