Украинскиот претседател Порошенко во официјална посета на Азербејџан

Украинскиот претседател Петро Порошенко во Баку беше пречекан со официјална церемонија од страна на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев

529570
Украинскиот претседател Порошенко во официјална посета на Азербејџан

Украинскиот претседател Петро Порошенко во Баку каде што допатува во официјална посета се состана со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.

На средбата беше нагласено значењето на оваа прва официјална посета на Порошенко на Азербејџан и беше направена проценка на односите и сферите на соработка помеѓу двете земји.

Украинскиот претседател Петро Порошенко истакна дека неговата земја нема да го признае Нагорно Карабах и рече: „Би сакал да го кажам тоа дека Украина сигурно нема да го признае Нагорно Карабах. Го поддржуваме истиот приод што го следи Азербејџан во врска со Крим.“ 

Појаснувајќи дека Украина и Азербејџан земјаќи го во предвид членството на Украина во Советот за безбедност на ОН одлучиле да ја зголемат меѓусебната мултилатерална соработка, Порошенко рече: „Азербејџан активно ја поддржува Украина. Сега пак би сакал да подвлечам дека откако станавме членка на Советот за безбедност на ОН за периодот 2016-2017 година Азербејџан може да има доверба во нас.“

Украинскиот претседател Петро Порошенко во Баку ќе учествува на петтиот состанок на советот на претседатели на Азербејџан и Украина и во овие рамки ќе оствари низа разговори.



Слични вести