Тереза Меј од денеска официјално британска премиерка

Тереза Меј од Конзервативната партија, по железната лејди Маргарет Тачер стана втора жена премиер на Велика Британија

529171
Тереза Меј од денеска официјално британска премиерка

Тереза Меј од денеска официјално почна да ја извршува функцијата нова премиерка на Велика Британија.

59-годишната Тереза Меј која вчера ја презезе должноста од Дејвид Камерон, досегашниот 76-ти премиер на Обединетото Кралство, вчера беше во Бакингамскиот дворец каде што од страна на кралицата Елизабета втора беше задолжена за формирање на новата влада.

Тереза Меј водеше приближно 30 минутна средба на која присуствуваше и нејзиниот сопруг Филип Меј.

Тереза Меј од Конзервативната партија, по железната лејди Маргарет Тачер стана втора жена премиер на Велика Британија.

Имињата на министрите од Конзервативната партија во новиот владин кабинет кои што беа соопштени досега се следните:

Тереза Меј-Премиер

Филип Хамонд, Министер за финансии 

Борис Џонсон, Министер за надворешни работи

Амбер Руд, Министер за внатрешни работи

Мајкл Фалон, Министер за одбрана

Лиам Фокс, Министер за меѓународна трговија

Дејвид Дејвис, Министер за одделување од ЕУ

Новата премиерка на Велика Британија Тереза Меј ги продолжува работите за составување на новата влада.



Слични вести