Прослави на Националниот ден на Франција под строги безбедносни мерки

За воспоставување на безбедноста за време на прославите на 14 јули Националниот ден на Франција се задолжени 11.500 припадници на полициските сили и жандармеријата

529455
Прослави на Националниот ден на Франција под строги безбедносни мерки

По повод прославите на 14 јули Националниот ден на Франција безбедносните сили во оваа земја се поставени во аларм.

За воспоставување на безбедноста за време на прославите се задолжени 11.500 припадници на полициските сили и жандармеријата.

Со строгите безбедносни мерки кои ќе бидат преземени на воената парада на која ќе учествуваат и францускиот претседател Франсоа Оланд и други поканети странски гости нема да се дозволи да прелета ниту птица.

Француските полициски сили ќе реализираат и патролни летови со хеликоптери.

Пред да се влезе на плоштадот каде што ќе се одржи воената парада ќе се врши детален претрес.

Строгите безбедносни мерки ќе продолжат и за време на парадите и концерите кои што ќе се одржат вечер.

Во реализираните терористички напади на 13 ноември минатата година во францускиот главен град Париз животот го загубија 130 лица, а над 2560 лица беа повредени.

По овие напади во Франција беше воведена вонредна состојба.



Слични вести