Во судирите во Јемен загинаа 25 лица

Во вооружените судири помеѓу помеѓу провладините сили за Народен отпор и националната јеменска армија и Хусите во источниот дел на главниот град Сана загинаа 25 лица

528817
Во судирите во Јемен загинаа 25 лица

Во жестоките судири во источниот дел на јеменскиот главен град Сана помеѓу провладините сили за Народен отпор и националната јеменска армија и Хусите загинаа 25 лица.

Како што се истакнува 17 од загинатите биле Хуси, а 8 членови на силите за Народен отпор.

Јеменската армија и единиците на силите за Народен отпор кои ја воспоставија контролата во планините во околината на населеното место Нехем запленија и големи количини оружје и муниција.

Во населеното место извесно време се водат жестоки вооружени судири помеѓу Хусите и приврзаниците на соборениот јеменски претседател Али Абдулах Салех и националната јеменска армија на сегашниот претседател Абдурабу Мансур Хади и силите за Народен отпор.



Слични вести