Поддршка од Франција на Либан по прашањата на политичката и бегалската криза

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Марк Ајро истакна дека Либан ќе продолжи да важи како прв приоритет за Франција и дека неговата земја ќе ги вложи сите видови напори за ставање крај на политичката и бегалската криза во Либан

528655
Поддршка од Франција на Либан по прашањата на политичката и бегалската криза

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Марк Ајро кој престојува во официјална посета на Либан се состана со либанскиот премиер Темам Селам.

По средбата Ајро изјави за новинарите дека до Темам Селам ја доставил пораката оти Либан ќе продолжи да важи како прв приоритет за Франција и дека неговата земја ќе ги вложи сите видови напори за ставање крај на политичката криза во Либан.

Ајро рече: „За надминување на бегалската криза и другите присутни проблеми предизвикани од војната во Сирија треба да се стави крај на политичката криза во Либан. Франција ќе ги вложи сите напори по ова прашање.“

Велејќи дека за време на своите остварени разговори во Либан ги повикал политичките актери во земјата да преземат одговорност, Ајро во Бејрут ќе се состане и со претседателот на либанскиот парламент и лидер на Движењето Емел Небих Бери и со министерот за надворешни работи Џибран Бесил.

На средбите освен за кризата околу изборот на нов претседател ќе се разговара и за прашањето со сириските бегалци чиј број во Либан според податоците на ОН достигна до 1,1 милион лица.

Либанскиот парламент две години како не може да избере нов претседател на земјата на местото на Мишел Сулејман чиј мандат пак истече уште во мај 2014 година.

Во меѓувреме Израел ја критикуваше средбата на францускиот министер за надворешни работи Жан-Марк Ајро со пратениците на Хезболах за време на неговата посета на Либан.

Портпаролот на израелското министерство за надворешни работи Емануел Нашон рече: „Земјите членки на ЕУ не прават никаква разлика меѓу воените и политичките крила на Хезболах кој се оценува за терористичка организација. Затоа не постои никаква причина Франција да се однесува различно од тоа.“

Военото крило на Хезболах  се наоѓа на списокот на терористички организации на ЕУ.



Слични вести