Камерон и ја врачи својата оставка на кралицата Елизабета втора

Дејвид Камерон последниот ден од својот шестгодишен премиерски мандат за последен пат говореше пред пратениците на Долниот дом и потоа и ја врачи својата оставка на кралицата Елизабета втора

528788
Камерон и ја врачи својата оставка на кралицата Елизабета втора

Велика Британија која на одржаниот референдум на 23 јуни донесе одлука за напуштање на ЕУ се збогува со својот премиер Дејвид Камерон.

Камерон последниот ден од својот шестгодишен премиерски мандат за последен пат говореше пред пратениците на Долниот дом и потоа и ја врачи својата оставка на кралицата Елизабета втора.

На местото на Дејвид Камерон функцијата нов премиер на Велика Британија ќе ја преземе досегашната министерка за внатрешни работи Тереза Меј.

Тереза Меј која од страна на британскиот печат е наречена „нова железна лејди“ указот за нејзино назначување за премиер ќе го добие од кралицата Елизабета втора.

На тој начин по Маргарет Тачер по втор пат една жена политичарка ќе ја преземе функцијата премиер на Велика Британија.



Слични вести