Емотивен говор од Обама на комеморацијата за 5-те убиени полицајци во Далас

Американскиот претседател Барак Обама на комеморацијата за 5-те убиени полицајци во Далас одржа емотивен говор и во еден дел од својот говор не можеше да ги задржи солзите

528445
Емотивен говор од Обама на комеморацијата за 5-те убиени полицајци во Далас

Американскиот претседател Барак Обама учествуваше на комеморацијата приредена во чест на 5-те полицајци кои го загубија животот во нападот на 7 јули во Далас кога беа застрелани од страна на снајперист.

Обама во својот говор што го одржа на комеморацијата упати повик за братство и единство  и рече: „Овде сум за да ја одбијам безнадежноста и за да нагласам дека не сме поделени.“

Обама на комеморацијата што се одржа во Симфонискиот центар Мортон Х. Мејерсон одржа емотивен говор и во еден дел од својот говор не можеше да ги задржи своите солзи и рече дека полицајците кои се најдоа на местото на нападот не се криеја од куршумите и се однесуваа херојски.

Потсетувајќи дека луѓето излегоа на улица во знак на протест против убиството од страна на полицајци-белци на двајца Американци црнци од кои еден по име Алтон Стерлинг во Луизијана и еден по име Филандо Кастиле во Минесота, Обама нагласи дека тоа претставува природно право, но додаде дека во никој случај не може да се легитимизира вооружениот напад.

Обама ги повика сите да се однесуваат одговорно за надминување на затегнатоста која што се доживува во последните денови во земјата и рече: „Овде сум за да ја одбијам безнадежноста и за да нагласам дека не сме поделени.“

Велејќи дека ги прифаќа и проблемите во судството и системот на казнување, Обама напомена дека кон овие проблеми не може да се приоѓа со обратен расизам, односно расизам против расизмот или со политичка правичност.

По церемонијата американскиот претседател Барак Обама и потпретсеадтелот Џо Бајден остварија посебна средба со семејствата на полицајците кои беа убиени во нападот.

Нападот во Далас кој беше извршен на 7 јули од страна на снајперист е заведен како напад во кој по нападите од 11 септември го загубија најголем број американски полицајци во еден настан и на исто место.



Слични вести