Бројот на жртвите во страотната железничка несреќа во Италија се зголеми на 25 лица

Во директен судир на два воза во областа Пуглија кај градот Бари во јужниот дел на Италија според последни добиени информации од италијански надлежни органи бројот на загинатите изнесува 25 лица, а 43 лица се повредени од кои некои потешко

528266
Бројот на жртвите во страотната железничка несреќа во Италија се зголеми на 25 лица

Бројот на загинатите во страотната железничка несреќа до која дојде при директен судир на два воза во областа Пуглија во јужниот дел на Италија според последни добиени вести се зголеми на 25 лица, а 43 лица се повредени од кои некои потешко

Италијанската новинска агенција АНСА истакнува дека бројот на жртвите во несреќата би можел да се зголеми.

Вчера помеѓу населените места Андриа и Корато кај градот Бари во областа Пуглија во јужниот дел на Италија се случи страотна железничка несреќа во која директно се судрија два воза.

Во несреќата според последни добиени информации од италијански надлежни органи бројот на загинатите изнесува 25 лица, а 43 лица се повредени од кои некои потешко.

Во врска со несреќата е започната истрага.

Италијанскиот претседател Серџио Матарела во врска со оваа страотна железничка несреќа истакна дека што поскоро треба да биде обелоденета оваа неприфатлива трагедија, додека италијанскиот премиер Матео Рензи во својата порака објавена преку Фејсбук напиша: „Жувствуваме голема болка за семејствата кои ги загубија своите блиски и воедно сме многу гневни. Италија има право да ја дознае вистината.“

Освен тоа италијанскиот премиер Матео Рензи заедно и со министерот за транспорт и инфраструктура Гразиано Делрио го посети местото на несреќата каде што направи увид на лице место.

Министерот за транспорт и инфраструктура Делрио пак во врска со несреќата ќе го информира Парламентот.

Оваа стратотна железничка несреќа до која дојде во Италија како земја во која железничкиот превоз е доста распространет и која се покажува како земја која служи за пример во железничкиот сообраќај, предизвика шок.

Генералниот директор на железничката фирма Феротрамвиариа чии возови се судрија Масимо Нити рече: „Ова претставува досега невидена трагедија.

Велејќи дека железничката пруга на која се случи несреќата е еднонасочна, Нити рече дека не би требало два воза истовремено да сообраќаат. 

Масимо Нити истакна дека возовите се ултра модерни и рече: „Овие возови располагаат со капацитет да застанат во радиус од 250 метри. Ќе направиме проценка на сето тоа. Во моментво се обидуваме да им помогнеме на повредените. Ќе ја преземе одговорноста.“ 

Нити додаде дека на преден план се истакнуваат веројатноси за несреќата како што се блокирање на системот или грешката на машинистот.



Слични вести