Во директен судир на два воза во Италија животот го загубија најмалку 20 лица

Во директен судир на два воза во јужниот дел на Италија според последни добиени информации животот го загубија најмалку 20 лица, а десетици лица се повредени

528080
Во директен судир на два воза во Италија животот го загубија најмалку 20 лица

Бројот на загинатите во сообраќајна несреќа при директен судир на два воза во Италија се зголеми на 20 лица, а десетици лица се повредени.

Помеѓу населените места Корато и Андриа кај градот Бари во областа Пуглиа во јужна Италија дојде до директен судир на два воза.

Италијанскиот премиер Матео Рензи истакна дека оваа несреќа ја облеа во тага земјата и побара истрагата да продолжи се додека не биде утврдена причината за несреќата.

Се стои на можноста несреќата да се случила поради човечка грешка.

Генералниот директор на железничката фирма по име Феротрамвиариа, сопственикот на возовите, Масимо Нити изјави за државната телевизија дека се истражуваат факторите кои биле причина за несреќата, но додаде дека едниот од возовите во ист момент не требаше да се најде на исто место со другиот.



Слични вести