Огранокот на „Амнести Интернешнл“ во САД повика да се одбрани правото на одржување протести

Огранокот на Амнести Интернешнл во САД ги повика американските власти да го одбранат правото на одржување протести во земјата

527872
Огранокот на „Амнести Интернешнл“ во САД повика да се одбрани правото на одржување протести

Огранокот на Меѓународната организација за човекови права „Амнести Интернешнл“ во САД (AIUSA) во врска со колективните притвори за време на протестите против насилството на полицијата и расизмот кои се повеќе се интензивираат во последните денови во САД ги повика американските власти да се одбрани правото на одржување протести.

Во објавеното соопштение со потпис на директорот на кампањата за спречување на насилството со оружје на AIUSA Жамира Марлеј се вели дека активистите на AIUSA во Батон-Руж лично биле сведоци на притворот на голем број активисти вклучувајќи го и активистот-црнец ДеРеј МакКесон и се додава дека треба да биде зачувано правото на одржување протест против полициското насилство.

За време на последните одржани протести во САД за една ноќ беа притворени вкупно 130 демонстранти и меѓу притворените се наоѓаа и неколку новинари и активисти.

31-годишниот МакКесон од Балтимур активист на „Животот на црнците е значаен“ (Black Lives Matter) кој беше притворен во саботата беше пуштен со кауција.

МакКесон беше притворен за време на протестот во врска со 37-годишниот Американец-црнец Алтон Стерлинг кој беше затрелан од страна на двајца полицајци.

 



Слични вести