Обама во Далас на комеморација на 5-те убиени полицајци

Портпаролот на Белата куќа Џош Ернест истакна дека претседателот Барак Обама денеска ќе замине за Далас каде што ќе уествува на комеморацијата на 5-те полицајци кои во четвртокот беа застрелани од страна на снајперист

527589
Обама во Далас на комеморација на 5-те убиени полицајци

Американскиот претседател Барак Обама во Далас ќе учествува на комеморацијата на 5-те полицајци кои во четвртокот беа застрелани од страна на снајперист.

Портпаролот на Белата куќа Џош Ернест на редовната дневна конференција за претставиците на печатот одговараше на прашањата на новинарите во врска со нападот.

Потсетувајќи дека на покана на градоначалникот на Далас Мајк Равлингс претседателот Барак Обама денеска ќе замине за Далас, Ернест истакна дека овде Обама ќе учествува на комеморацијата во чест на 5-те загинати полицајци кои беа застрелани од страна на снајперист.    

Портпаролот на Белата куќа Џош Ернест напомена дека претседателот Обама освен од неговата сопруга Мишел Обама за време на својата посета на Далас ќе биде придружуван и од страна на американскиот потпретседател Џо Бајден и некои членови на Конгресот. 

Велејќи дека претседателот Обама се очекува да одржи говор во рамките на оваа програма, Ернест истакна дека меѓу излагачите на комеморацијата се наоѓа и поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш кој инаку живее во градот Далас.

Портпаролот Џош Ернест информираше дека претседателот Барак Обама утре во Белата куќа ќе се состане со функционерите на безбедносните сили и рече дека состанокот е дел од претходно одржаните средби.

Ернест истакна дека  претседателот Обама посакува да изнајде специфични решенија во правец на надминување на празнината во довербата помеѓу локалниот народ и безбедносните сили.

Во градот Далас во сојузната држава Тексас во САД минатата недела во четвртокот вечер за време на протестите кои беа одржани во знак на протест против убиството на двајца црнци од страна на полицијата, беа убиени 5 мина полицајци кои беа застрелани од страна на санјперист.



Слични вести