Во воздушни напади во Алепо и Идлиб загинаа 28 лица

Во воздушните напади реализирани од страна на вени авиони на сирискиот режим и Русија врз цивилни населени места под контрола на опозиционерите во градовите Алепо и Идлиб животот го загубија 28 лица, а десетици лица се повредени

527379
Во воздушни напади во Алепо и Идлиб загинаа 28 лица

Во реализирани воздушни напади со вакум бомби од страна на воени авиони на сирискиот режим и на Русија врз областите под контрола на опозициониерите во градовите Алепо и Идлиб животот го загубија 28 лица.

Во реализираниот воздушен напад од страна на руски воен авион со вакум бомба на еден пазар за гориво во месноста Тирманин во градот Идлиб животот го загубија 18 цивили, а десетици лица се повредени.

Руски воени авиони ги бомбардираа со касетни бомби и екипите за цивилна одбрана кои им пристигнаа на помош на повредените и цивилното население.

Локални функционери воедно истакнаа дека 10 лица го загубиле животот и при бомбардирање на еден пазар во стариот дел на Алепо под контрола на опозиционерите од страна на воени авиони на сирискиот режим.

Повредените беа префрлени на лекување во полските болници во областа.



Слични вести