Продолжуваат протестите на црнците во голем број американски градови

Голем број американски граѓани ги посетуваат местото каде што минатата недела беа застрелани 5 полицајци и полициската управа во Далас, а во меѓувреме не престанува ниту гневот на црнците во САД кои продолжуваат да протестираат во голем број градови

526881
Продолжуваат протестите на црнците во голем број американски градови

По страотните напади до кои дојде минатата недела во градот Далас во САД во кои беа убиени 5 мина полицајци жителите на градот одржуваат комеморации во чест на жртвите.

Местото каде што беа застрелани 5-те полицајци и полициската управа на Далас се посетувани од страна на голем број американски граѓани. 

Посетителите палат свеќиња и оставаат цвеќиња на местото на настанот.

Од друга страна се дознава дека 25-годишниот напаѓач-црнец поранешен војник по име Мајка Џонсон од чија страна беа застрелани 5-те полицајци планирал уште поголем напад. 

Надлежни од полицијата во Далас соопштија дека осомничениот добил специјална воена обука за техники на одбрана и напад, како и употреба на експлозивни материјали. 

Се привлекува внимание дека била пронајдена сериозна количина експлозивен материјал и во домот на напаѓачот.

Во меѓувреме не престанува ниту гневот на црнците во САД.

Голем број демонстранти кои излегоа на улиците со панкарти во своите раце на кои пишуваше „Животот на црните е драгоцен“ продолжуваат да одржуваат протести во голем број американски градови.

Демонстрантите протестираат против насилството на полицијата врз црнците.

На протестите на кои повремено доаѓа до зголемување на тензијата се притворени десетици лица.

Од друга страна американски функционери истакнуваат дека никако нема да се толерираат протестите кои ќе доведат до зголемување на насилството и се обидуваат да ја намалат тензијата.



Слични вести