Продолжуваат нападите врз полицајците во САД

Во Атланта беше пронајден еден црнец на средна возраст обесен на едно дрво

526080
Продолжуваат нападите врз полицајците во САД
abd protesto.jpg

Насилствата на полицијата се претворија во насилства на демонстрантите.

По убиството на петте полицајци во Даслас, беа извршени напади врз полицајците во Џорџија, Сент Луис и Тенеси.

Во нападите загина едно, а 5 лица беа повредени.

Во земјата пристигнуваат информации за напади во низа градови.

Во Атланта беше пронајден еден црнец на средна возраст обесен на едно дрво.

Во настанот кој се случи на плоштадот во паркот Пидемонт, властите истакнаа дека голема е веројатноста дека причината за смртта е самоубиство, додека жителите во околината го изнесоа тврдењето дека одговорните за смртта на црнецот се членовите на расистичката организација Кју Клукс Клан (ККК) на белците во Америка.

На дискусиите што се водат на социјалните мрежи, голем број лица истакнаа дека претходниот ден во истиот парк членовите на ККК делеле летоци.

Гувернерот на Атланта Касим Рид во изјавата за печатот рече дека случајот се прати од страна на Федералното истражно биро (ФБИ) и дека дискусиите на социјалните мрежи не ја одразуваат вистината.

Голем број болници Мајами беа испразнети поради пријави за поставени бомби и експлозиви.

Во меѓувреме, во Вашингтон стотици лица се собраа пред Белата куќа во знак на протест на убиството на младите црнци Алтон Стерлинг и Филано Кастил од страна на полицијата.

Протестот која започна во вечерните часови продолжи до доцните часови.

Илјадници лица кои исвикуваа слогани дека „животите на црнците се значајни“ исто така носеа транспаренти на кои пишуваше дека „не сакам да го видам моето име на социјалните мрежи“ и „ако нема правда нема и мир“.

Како и во Вашингтон така и во низа други градови ширум Америка продолжуваат протестите против насилствата на полицајците врз црнците.



Слични вести