ОЦХА соопшти дека како последица на бомбардирањето на Алепо околу 300 илјади лица биле заглавени

Во последните недели дојде до интензивирање на судирите меѓу страните во Алепо и опседнатите подрачја

526029
ОЦХА соопшти дека како последица на бомбардирањето на Алепо околу 300 илјади лица биле заглавени

Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарната помош (ОЦХА) соопшти дека како последица на бомбардирањето на сирискиот град Алепо и жестоките судири, околу 300 илјади лица биле заглавени во подрачјето.

Портпаролот на генералниот секретар на ОН Фархан Хак во изјавата за печатот рече дека ОЦХА со голема загриженост ја следи ситуацијата на околу 300 илјади лица кои останале заглавени источно од Алепо.

Во последните недели дојде до интензивирање на судирите меѓу страните во Алепо и опседнатите подрачја, рече Хак и додаде дека пристигнуваат информации дека во последните воздушни напади, бомбардирања и жестоки судири загинале и биле повредени голем број цивили.

Забраната на влезот и излезот од единствениот пат „Патот Кастело“ во градот како и интензивните судири по патот, предизвикаа изолација на граѓаните.



Слични вести