НАТО ќе испрати по еден баталјон во Полска и Балтичките земји

На самитот беше усвоена одлука за зајакнување на военото присуство на НАТО во Источна Европа

525948
НАТО ќе испрати по еден баталјон во Полска и Балтичките земји

НАТО ќе испрати по еден баталјон составен од по 3 до 4 илјади војници во Полска и Балтичките земји.

На најкритичниот Самит на НАТО по завршувањето на Студената војна што се одржа во Варшава, беа усвоени одлуки со кои се бара излез од сегашната ситуација и посветла иднина.

Одлуките кои беа усвоени на Самитот беа објавени од страна на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

На самитот беше усвоена одлука за зајакнување на военото присуство на НАТО во Источна Европа, рече Столтеннберг и додаде дека во Летонија, Литванија, Естонија и Полска ќе се стационираат мултинационално воени единици.

Зависно од ротацијата, идната година во Источна Европа ќе се стационираат мултинационални воени единици, рече Столтенберг и потенцираше дека со единицата во Летонија предводничка улога ќе има Канада, во Литванија Германија, во  Естонија Обединетото Кралство, а во Полска САД.

Баталјоните кои ќе бидат испратени во Полска и Балтичките земји се очекува да бидат составени од по 3 до 4 илјади војници.

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека во Полска ќе испратат илјада војници.

Вториот значаен чекот на НАТО Алијансата што ќе го фрли против Русија е остварувањето на новата етапа во ракетно одбранбениот систем.

Со новата етапа се предвидува да се воспостави координација меѓу радарите во Турција, системот во Романија и борбените бродови во Шпанија и се премина кон првата оперативна етапа.

Командата со ракетно одбранбениот систем од САД преминува под контрола на НАТО.



Слични вести