Турција остро го осуди терористичкиот напад во ирачкиот град Саладин

Последниот терористички напад предизвика уште поголема тага и жалост

525747
Турција остро го осуди терористичкиот напад во ирачкиот град Саладин

Министерството за надворешни работи во писменото соопштение го истакна следното:

Турција остро го осудува овој гнасен и брутален напад кој беше извршен за време на светиот празник Рамазан бајрам, кога треба да зајакнат мирот и братските чувства.

Во период кога по нападот на 2 јули во Багдад кој предизвика голема трагедија, се вложуваа големи напори за заздравување на раните и тагата, последниот терористички напад предизвика уште поголема тага и жалост, беше истакнато во соопштението на МНР.



Слични вести