Самоубиствен напад на воената база Савлабон во Аден

Бројот на загинатите во самоубиствениот напад во воената база Савлабан се зголеми на 20

525110
Самоубиствен напад на воената база Савлабон во Аден

Бројот на загинатите во самоубиствениот напад во воената база Савлабан во близината на меѓународниот аеродром на привремениот јеменски главен град Аден се зголеми на 20.

Според воени извори од 4-та регионална команда во Аден, во самоубиствениот напад со возило натоварено со експлозив во провинцијата Аден на југот на земјата и последователните судири во воената база Савлабан загинаа 6-те напаѓачи и 14 војници, вкупно 20 лица., а 11 лица беа повредени.

7 војници загинаа во судирите со напаѓачите кои успеаја да влезат во базата по експлозијата на возилото натоварено со експлозив кое експлодираше на влезот на базата.

Досега не е објавено никакво соопштение во врка со сторителите на нападот и никој не ја презеде одговорноста.

Вчера наутро беше извршен самоубиствен напад со возило натоварено со експлозив на воената база Савлабан во близината на меѓународниот аеродром во Аден. Веднаш по нападот дојде до судири меѓу напаѓачите и војниците, поради што беше затворен меѓународниот аеродром Аден и беа суспендирани воздушните летови од аеродромот се до објавување ново соопштение.



Слични вести