Израел настојчив во зголемувањето на бројот на илегалните станбени објекти

Авигдор Либерман рече дека одлучно ќе продолжат со изградбата на станбени објекти за новите еврејски доселеници.

525217
Израел настојчив во зголемувањето на бројот на илегалните станбени објекти

Израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман рече дека одлучно ќе продолжат со изградбата на станбени објекти за новите еврејски доселеници.

Според веста на израелското радио, министерот Либерман рекол дека се одлучни во продолжувањето на градежните активности за еврејските доселеници.

Не е доволно само да се преземат мерки против тероризмот, рече Либерман и подвлече дека треба да се згази главата на змијата.

Израел по минатнеделното убиство на 2 израелски Евреи во градот Ал Халил, ја одобри изградбата на нови 42 населени места и даде дозвола за изградба на 800 нови станбени објекти во близината на Ерусалим.

САД, ЕУ и Палестинската управа како и некои други држави ја осудија одлуката на Израел во врска со изградбата на нови станбени објекти.



Слични вести