ЕП ја одобри одлуката за визна либерализација за граѓаните на Украина, Грузија и Косово

Со визната либерализација за наведените земји ќе зајакнат стратешките цели на ЕУ

525308
ЕП ја одобри одлуката за визна либерализација за граѓаните на Украина, Грузија и Косово

Комитетот за надворешни односи на Европскиот парламент ја одобри одлуката за визна либерализација за граѓаните на Украина, Грузија и Косово.

На состанокот на Комитетот за надворешни односи на Европскиот парламент во Стразбур беше изнесен позитивен став дека трите наведени земји ги исполниле условите за визна либерализација и дека треба да се вбројат на списокот на земјите чии граѓани кои во најкратко време ќе можат да патуваат без визи во земјите членки на ЕУ.

Членовите на комитетот го бранат ставот дека со визната либерализација за наведените земји ќе зајакнат стратешките цели на ЕУ.

Извештајот на Комитетот за надворешни односи на ЕП ќе биде испратен до Комитетот за граѓански слободи на ЕП каде што во септември ќе биде разгледан.

Одлуката за визна либерализација за Украина, Грузија и Косово се очекува да се усвои во текот на оваа година.



Слични вести