Продолжуваат протестите во Франција по повод дискутабилниот закон за работни односи

Согласно уставот, Владата во Франција по потреба има право да усвои закон без да биде изгласан од страна на Собранието

524678
Продолжуваат протестите во Франција по повод дискутабилниот закон за работни односи

Демонстрантите повторно излегоа на улиците на Париз и другите градови ширум Франција во знак на протест против предлог законот за работни односи.

Демонстрантите ја упатија пораката дека ќе продолжат со отпорот против законот.

Францускиот премиер Мануел Валс рече дека новиот предлог закон за работни односи кој предизвика големи дискусии во земјата ќе биде усвоен без гласање во собранието.

Согласно уставот, Владата во Франција по потреба има право да усвои закон без да биде изгласан од страна на Собранието.

Премиерот Валс кој се плаши од реакциите на пратениците во владејачката Социјалистичка партија кои се против предлогот, законот го усвои без да биде изгласан во Собранието.

Сенатот кој претежно се состои од пратениците на опозицијата, со промена на предлогот, повторно беше вратен на гласање во собранието.

Демонстрантите истакнуваат дека ќе продолжат со протестите.

Со предлог законот кој беше тема на дискусии во Франција се предвидува работното време од 10 да се зголеми на 12 часа, работодавците со промените во договорите за работа и вработување, да можат да ги избркаат вработените без никакво објаснување и да плаќаат минимални хонорари за прекувремена работа.



Слични вести