Израел ја одобри изградбата на стотици нови станови на Западниот брег

560 од вкупно 800 нови станови ќе бидат изградени во Маалех Адимум која е најголема еврејска населба на Западниот брег

524178
Израел ја одобри изградбата на стотици нови станови на Западниот брег

Израелските власти одобрија изградба на стотици нови станово на Западниот брег.

Израелскиот премиер Бенајмин Нетанјаху издаде дозвола за изградба на 800 нови станови во околината на Ерусалим.

Одлуката освен премиерот Нетанјаху ја потпиша и израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман.

560 од вкупно 800 нови станови ќе бидат изградени во Маалех Адимум која е најголема еврејска населба на Западниот брег.

240 станови пак ќе бидат изградени во близина на Ерусалим и тоа во населбите Хар Хома и Псигат Зе’ев.

Израелското воено присуство на Западниот брег пак се зголеми на највисоко ниво во последните две години.

генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун истакна дека чувствува голема разочараност од одлуката на Израел за проширување на доселеничките населби.

Велејќи дека овој развој нема свое место во меѓународното право, Бан Ки-мун го повика Израел да се откаже од оваа одлука.

Генералниот секретар на Палестинската ослободителна организација Саеб Еракат ја осуди оваа незаконска одлука како и изолацијата на градот Ел Халил од страна на израелските власти.

Еракат истакна дека градот Ел Халил кој брои 700 илјади жители се наоѓа под целосна воена опсада.

Израел по убиството на двајца и ранувањето на тројца Израелци распореди два бригади војници околу градот Ел Халил.



Слични вести