Република Чешка го промени своето име и стана Чехија (Czechia)

Чечките власти ги информираа меѓународните организации и институции на чело со ООН во врска со промената на името на државата од Република Чешка во Чехија (Czechia)

523647
Република Чешка го промени своето име и стана Чехија (Czechia)

Република Чешка го промени своето име и стана Чехија...

Чешките власти ги информираа меѓународните организации и институции на чело со ООН во врска со направената официјална измена во врска со промената на името на државата.

Според тоа беа информирани во врска со официјалната усмена и писмена употреба на новото име на државата Чехија на англиски, француски, германски, руски, арапски и кинески јазик.

Портпаролката на министерството за надворешни работи Михаела Лагронова истакна дека нема да се воведе задолжителна употреба на новото име на земјата и дека тоа нема веднаш да се употребува на меѓународен план.

Дискусиите во врска со името на Република Чешка продолжуваа веќе извесно време и еден дел од политичарите го предлагаа името Чехија (Czechia), а некои застануваа во одбрана на употреба на името Чехланд (Czechlands).

Претседателот Милош Земан веќе извесно време како во своите излагања на англиски јазик за својата земја го употребуваше името Чехија (Czechia).



Слични вести