Британската полиција ја повика Ципи Ливни на сослушување поради извршено воено злосторство

„Британската полиција ја повика на сослушување бившата израелска министерка за надворешни работи Ципи Ливни поради обвинување за извршено воено злостроство за време на израелските напади на Газа во 2008 година“ - јави израелското радио

523706
Британската полиција ја повика Ципи Ливни на сослушување поради извршено воено злосторство

Британската полиција ја повика поранешната израелска министерка за надворешни работи Ципи Ливни на сослушување, а во рамките на истрагата која што се води против неја со обвинување дека извршила кривично дело воено злосторство во Газа.

Според веста на израелското радио: „Британската полиција ја повика на сослушување бившата израелска министерка за надворешни работи Ципи Ливни поради обвинување за извршено воено злосторство за време на израелските напади на Газа во 2008 година.

Во веста се укажува на тоа дека израелската амбасада во Лондон која се спротивставила на ова барање контактирала со израелските министерства за надворешни работи и правда и и бил обезбеден имунитет на Ливни која не учествувала на сослушувањето.

Според веста на израелскиот весник „Хаарец“ поранешната министерка за надворешни работи Ципи Ливни била повикана на сослушување од страна на британската полиција на 30 јуни во четвртокот за време на нејзиниот престој во Лондон во рамките на една конференција во организација на „Хаарец“.

Од страна на Велика Британија пак засега не беше објавено одредено соопштение во врска со прашањето.

Еден суд во Лондон во 2009 година издаде наредба за апсење на Ливни, со образложение дека извршила воено злосторство за време на израелските напади на Газа во 2008 година. 



Слични вести