Во Средоземното Море потона брод со илегални мигранти: 16 лица се водат како исчезнати
Во близина на бреговите на Либија во водите на Средозменото Море потона брод кој превезувал 28 илегални мигранти Тунижани од кои 16 лица се водат како исчезнати, а 12 лица успеале да се спасат пливајќи до брегот

Во Средоземното Море потона брод кој превезувал илегални мигранти...
Во близина на бреговите на Либија во водите на Средозменото Море потона брод кој превезувал 28 илегални мигранти Тунижани од кои 16 лица се водат како исчезнати, а 12 лица успеале да се спасат пливајќи до брегот.
Тунискиот активист Мустафа Абдулкерим истакна дека бродот кој превезувал за Италија 28 лица од населното место Бингирдан од провинцијата Меднин и градот Џерџис во Тунис вчера отпловил од либискиот крајбрежен град Сабрата, но по половина час потонал.
Абдулкерим рече дека 12 лица успеале да излезат од потонатиот брод и пливајќи пристигнале до брегот, но дека од 16 лица сеуште не можат да се добијат никакви вести.
Меѓународната организација за миграција во соопштението кое го објави минатиот месец соопшти дека во првата половина на 2016 година 210 илјади 643-јца илегални мигранти преку Средоземното Море успеале да влезат во различни европски земји и дека за време на овие патувања во водите на Средоземното Море се удавиле 2 илјади 859 лица.