Израел одобри изградба на 42 нови еврејски населби во градот Ел Халил

Израелската влада одобри изградба на 42 нови еврејски населби во градот Ел Халил на Западниот брег

523366
Израел одобри изградба на 42 нови еврејски населби во градот Ел Халил

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Авигдор Либерман ја одобрија изградбата на 42 нови еврејски населби во градот Ел Халил.

Во објавеното соопштение од канцеларијата на израелската влада се истакнува дека била донесена одлука за изградба и на гробишта за погребување на убиените Палестинци од страна на израелските војници и Палестинците чии мртви тела насилно се зaдржани во Тел Авив. 

Во соопштението се вели дека била издадена директива и за понишување на дозволите за работа на месноста Бени Наим каде што живеат приближно 2 илјади 800 лица, во градот Ел Халил каде што во изминативе денови беа убиени двајца Израелци.

Освен тоа израелската влада издаде директива за зголемување и на процентот на кратење на даночните приходи за Палестинците.



Слични вести