Во напад на воен авион на режимот во Алепо загинаа 16 лица

Воен авион на сирискиот режим бомбардираше цивилно населено место во квартот Тарик ел-Баб во Алепо и во нападот животот го загубија 16 лица, а 25 лица беа повредени

522519
Во напад на воен авион на режимот во Алепо загинаа 16 лица

Во воздушен напад реализиран од страна на воен авион на сириската армија во градот Алепо врз цивилно населелно место во квартот Тарик ел-Баб под контрола на опозиционерите загинаа 16 лица, а 25 лица беа повредени.

Меѓу загинатите во нападот се наоѓаат и жени и деца, а беше причинета и голема материјална штета во бомбардираното место населено со цивили.

Силите на режимот 4 години како ги напаѓаат со касетни, вакум и барел бомби местата со цивилно население во градот Алепо кои се наоѓаат под контрола на опозиционерите како што се чаршии, пазари, училишта и болници.

Поради бомбардирањата на силите на Асад од копно и од воздух населените места во областите под контрола на опозиционерите се претворени во рушевини.

Народот во областите кои се наоѓаат во рацете на опозиционерите каде што нема електрична струја и вода електричната струја се обидува да ја обезбедува од генератори а водата од ископаните бунари.



Слични вести