Се засилува екстремната десница во Германија

Службата за заштита на уставот, на внатрешната разузнавачка служба на Германија во Берлин го објави својот извештај за 2015 година во кој се укажува на засилувањето на екстремната десница во земјата

520800
Се засилува екстремната десница во Германија

Се засилува екстремната десница во Германија...

Според извештајот за 2015 година на Службата за заштита на уставот заедно со тоа што се забележува пораст во бројот на членови на екстремните десничарски партии во Германија се зголемува и бројот на оние меѓу екстремните десничари кои се на страната на насилство.

Службата за заштита на уставот, на внатрешната разузнавачка служба на Германија во Берлин го објави својот извештај за 2015 година.

Германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер кој говореше на промовирањето на извештајот истакна дека повеќе од половината од ескремните десничари се на страната на насилството и дека постои опасност од појава на екстремно-десничарски терористички структури во Германија.

Мезиер рече дека државата ќе одговори остро на екстремните групи.

Во извештајот се истакнува дека заклучно со крајот на 2015 година во германија се регистрирани 22.600 екстремни десничари и дека оваа бројка во споредба со претходната 2014 година е зголемена за 1.600 пати.

Претседателот на Службата за заштита на уставот Ханс-Георг Масен исто така напомена дека Германија се наоѓа во фокусот на терористичките организации како ДЕАШ и Ал-Каеда и дека постои сериозна опасност по ова прашање.

Во извештајот меѓу странските екстремни групи кои и се закануваат на безбедноста се прикажува и терористичката организација ПКК и се вели дека терористичката ПКК располага со 14 илјади свои поддржувачи во Германија.

 



Слични вести