Меркел: Одделувањето на Велика Британија претставува мошне сериозна состојба

Германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека барањето на Велика Британија за излез од ЕУ претставува мошне сериозна состојба

521069
Меркел: Одделувањето на Велика Британија претставува мошне сериозна состојба

Германската канцеларка Ангела Меркел на конференцијата за претставниците на печатот по самитот на лидерите на ЕУ истакна дека одделувањето на Велика Британија претставува мошне сериозна состојба.

Велејќи дека ЕУ на своите граѓани треба да им донесе просперитет и безбедност, да им обезбеди вработување и да ја зголеми конкурентноста, Меркел истакна дека учесниците на лидерскиот самит на ЕУ посакале постоечките инструменти да бидат искористени побрзо и поодлучно. 

На едно поставено прашање во врска со одделувањето на Велика Британија од ЕУ Ангела Меркел истакна дека досегашните кризи беа решени со 28 земји членки и рече: „Сега за прв пат една членка сака да излезе. Тоа е мошне сериозна состојба. Верувам дека ние како 27 земји ќе ја пребродиме оваа состојба.“

Меркел повтори дека сепак најпрвин Велика Британија согласно членот 50 од Европскиот договор треба да поднесе барање за излез и го додаде следното: „Препорачувам да не се испушти од вид дека во оваа нова и сериозна состојба чекорите треба да се фрлаат еден по еден. Без да го видам на мојата маса барањето за одделување не би навлегла во подлабока дискусија.“



Слични вести