Лавров: Нормализирањето на односите може да послужи за обнова на дијалогот по прашањето со Сирија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров истакна дека нормализирањето на односите помеѓу Турција и Русија може да послужи за обнова на дијалогот по прашањето со Сирија

521071
Лавров: Нормализирањето на односите може да послужи за обнова на дијалогот по прашањето со Сирија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Париз се состана со својот француски колега Жан-Марк Ајро со кого по остварената средба одржаа и заедничка конференција за претставниците на печатот.

Лавров истакна дека нормализирањето на односите помеѓу Турција и Русија може да послужи за обнова на дијалогот по прашањето со Сирија.

„До блиско време имавме средби со Турција по прашањето на изнаоѓањето решение во Сирија во една мошне тесна рамка, меѓутоа поради познати причини тие беа прекинати.“ - рече Лавров.

Изразувајќи го своето сочувство до семејствата на загинатите во реализираниот терористички напад на аеродромот Ататурк во Истанбул, Лавров упати повик за соработка против тероризмот на меѓународен план.

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Марк Ајро исто така осврнувајќи се на терористичкиот напад во Истанбул рече: „Уште еднаш гледаме дека тероризмот ги погодува сите места. Франција е во солидарност со целиот турски народ и со семесјтвата на загинатите.“



Слични вести