Камерон: Обединетото Кралство ја напушта ЕУ, но не може и нема да и сврти грб на Европа

Британскиот премиер Дејвид Камерон истакна дека Обединетото Кралство ја напушта ЕУ, но не може и нема да и сврти грб на Европа

520694
Камерон: Обединетото Кралство ја напушта ЕУ, но не може и нема да и сврти грб на Европа

Британскиот премиер Дејвид Камерон вчера учествуваше на првиот ден на самитот на лидерите на ЕУ во Брисел каде што се состана на вечера која беше приредена во рамките на самитот.

Камерон имаше средба сопретседателот на Европскиот совет Доналд Туск и претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер.

Дејвид Камерон истакна дека европските земји жалат поради одлуката на неговата земја за Брекзит, односно излез од ЕУ, меѓутоа рече дека Обединетото Кралство ја напушта ЕУ, но не може и нема да и сврти грб на Европа.

По вечерата Камерон рече: „Нашите партнери во Европа жалат поради тоа што планираме да ја напуштиме ЕУ. Меѓутоа разговорите поминаа доста конструктивно, позитивно и во мирна атмосфера. Постои мислење во однос на тоа дека Велика Британија треба да биде во блиска врска со ЕУ во прашања како што се трговијата и безбедноста.  Обединетото Кралство ја напушта ЕУ, но не може и нема да и сврти грб на Европа.“

Освен тоа Камерон истакна дека преговорите за излез на неговата земја од ЕУ ќе ги започне новиот премиер кој ќе дојде по него и дека лично се надеваше дека ќе го добие референдумот за останување во Унијата, но дека тоа не беше можно.

Застанувајќи во одбрана на тоа дека одлуката за одржување референдум за членство во ЕУ беше правилна, Камерон рече: „Водите борба за она во што верувате. Ако добиете добро, Ако не добиете морате да го прифатите резултатот.“

Британскиот премиер Дејвид Камерон не учествува на денешниот втор ден од самитот на лидерите на ЕУ. 

 



Слични вести