Во реализирана операција во Авганистан убиени 40 терористи на ДЕАШ

Во реализирана операција против терористичката организација ДЕАШ во провинцијата Нангархар во источниот дел на Авганистан се убиени 40 членови на оваа терористичка организација

520141
Во реализирана операција во Авганистан убиени 40 терористи на ДЕАШ

Во објавеното соопштение од авганистанското министерство за одбрана се истакнува дека интензивно продолжувваат операциите против терористичката организација ДЕАШ во населеното место Кот во источната провинција Нангархар и дека во реализираната операција во последните 24 часа од воздух и од копно се убиени 40 терористи.

Во операцијата биле повредени 44 терористи на ДЕАШ и 5 села биле исчистени од терористичката организација.

Во соопштението се вели дека во операциите не била причинета штета врз цивилите и дека во областа ќе бидат изградени нови полициски станици.

По нападот на терористичката организација ДЕАШ врз населеното место Кот во провинцијата Нангархар во источниот дел на Авганистан во петокот беше започната операција во регионот од воздух и од копно.



Слични вести