Протест на Турците во Дуизбург против усвоената резолуција за ерменските тврдења

За време на протестот беше отворено големо турско знаме и во придружба на слогани беше протестирана резолуцијата за признавање на неоснованите ерменски тврдења

519853
Протест на Турците во Дуизбург против усвоената резолуција за ерменските тврдења

Турските граѓани кои живеат во германскиот град Дуизбург протестираа против резолуцијата на германскиот Парламент, Бундестагот за признавање на ерменските тврдења во врска со настаните од 1915 година.

На протестниот митинг во организација на иницијативата по име „Иницијатива од Дуизбург“ која се собра пред зградата на локалната самоуправа на градот своја поддршка дадоа граѓански организации и здруженија од различни средини во општеството.

За време на протестот беше отворено големо турско знаме и во придружба на слогани беше протестирана резолуцијата за признавање на неоснованите ерменски тврдења.

Турските граѓани објавија и соопштение со кое се покажува реакција на усвојувањето на оваа резолуција.

Во соопштението се вели: „Ние не ги прифаќаме овие ерменски тврдења. До оние кои не обвинуваат го упатуваме следниот повик: Ако располагате со докази во вашите раце изнесете ги истите.“

По усвојувањето на резолуцијата во германскиот Парламент, Бундестагот според која се признаваат ерменските тврдења во врска со настаните од 1915 година Парламентот за миграција и усогласување на Дуизбург објави соопштение во кое усвоената резолуција ја окарактеризира за неприфатлива.

По притисоците кои што пристигнаа Парламентот за миграција и усогласување го повлече претходно објавената резолуција.



Слични вести