ОН загрижени од растот на расистичките напади во В. Британија по Брекзитот

Високиот комесар на ОН за човекови права Зејд Раад ел Хусејин рече: Крајно загрижуваат нападите насочени против малцинствата и странците во Обединетото Кралство во последните неколку дена

520210
ОН загрижени од растот на расистичките напади во В. Британија по Брекзитот

Обединетите Нации истакнаа дека загрижуваат растечките расистички напади и непријателството кон странците во Велика Британија по одлуката на оваа земја за излез од ЕУ.

Високиот комесар на ОН за човекови права Зејд Раад ел Хусејин во однос на прашањето рече: „Крајно загрижуваат нападите насочени против малцинствата и странците во Обединетото Кралство во последните неколку дена.“ 

Привлекувајќи внимание дека расизмот и непријателството кон странците се неприфатливи Хусејин упати повик до британските функционери да ги спречат нападите против малцинствата и странците.



Слични вести