Повик од Бан Ки-мун за ставање крај на израелската окупација на палестинските територии

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун истакна дека меѓународната заедница треба да помогне за ставање крај на израелската окупација на палестинските територии

519437
Повик од Бан Ки-мун за ставање крај на израелската окупација на палестинските територии

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун во говорот што го одржа на универзитетот во Тел Авив ја повика меѓународната заедница да помогне да се стави крај на израелската окупација на палестинските територии и да се постигне решение со две држави во кои двата народа ќе живеат во мир и еден покрај друг.

Повикувајќи ја меѓународната заедница да ги исполни своите одговорности во однос на палестинското прашање, Бан Ки-мун побара и од израелската и од палестинската страна да се испречат пред екстремните сили во своите земји.

Портпаролот на ОН за помош на палестинските бегалци (УНРВА) Аднан Ебу Хасене истакна дека генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун преминувајќи преку пограничниот премин Бејт Ханун во Газа ќе оствари неколкучасовна куса посета.



Слични вести