Обиди на Старџен за спречување на процесот за излез на Обединетото Кралство од ЕУ

Премиерката на регионалната влада на Шкотска Никола Старџен истакна дека ако затреба ќе побара од 63-те пратеници на нејзината партија во регионалниот шкотски парламент да не дадат согласност за излез на Обединетото Кралство од ЕУ

518694
Обиди на Старџен за спречување на процесот за излез на Обединетото Кралство од ЕУ

Премиерката на регионалната влада на Шкотска и лидер на сепаратистичката Шкотска национална партија (СНП) Никола Старџен истакна дека би можела да го спречи процесот за излез на Обединетото Кралство од ЕУ.

Потсетувајќи дека Шкотска со големо мнозинство се изјасни за останување во ЕУ, Старџен наведе дека ако затреба ќе побара од 63-те пратеници на нејзината партија во регионалниот шкотски парламент кој брои 129 пратеници да не да не дадат согласност за излез на Обединетото Кралство од ЕУ.

Старџен истакна дека на тој начин би можела да го спречи излезот на Обединетото Кралство од ЕУ.

Никола Старџен рече: „Доколку шкотскиот парламент прави проценка на она што ќе биде добро за Шкотска тогаш изборот треба да биде да не се гласа против интересите на Шкотска. Секако дека оваа опција е на маса.“

Никола Старџен завчера по состанокот на владиниот кабинет истакна дека набрзина ќе ги започне разговорите со Брисел и ќе се обиде да овозможи шкотскиот народ да го зачува своето место во ЕУ.

Осврнувајќи се и на евентуалниот референдум за независност на Шкотска Старџен рече: „Референдумот за независност е отворена опција која треба да стои на маса.“



Слични вести