Состанок на шефовите на дипломатиите на шесте основачки земји на ЕУ во Берлин

По одлуката на Велика Британија за одделување од ЕУ министрите за надворешни работи на шесте земји основачки на Унијата се состанаа во германскиот главен град Берлин

518173
Состанок на шефовите на дипломатиите на шесте основачки земји на ЕУ во Берлин

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер, францускиот министер за надворешни работи Жан-Марк Ајро, холандскиот министер за надворешни работи Берт Коендерс, италијанскиот министер за надворешни работи Паоло Џентилони, белгискиот министер за надворешни работи Дидие рејндерс и луксембуршкиот министер за надворешни работи Жан Аселборн се состанаа во вилата Борсиг на германското министерство за надворешни работи.

Шефовите на дипломатиите на шесте основачки земји на ЕУ разговараа за резултатите од одлуката на Велика Британија за одделување од ЕУ.

Домаќинот на состанокот, германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер изјави пред состанокот дека по изгласаната одлука од страна на Британците не треба да се западне во хистерија и во шок.

„Не треба да се западне во загриженост. Не можеме се правиме како да се готови сите одговори. По одлуката на Велика Британија не можеме да западнеме во депресија и неактивност.“

Велејќи дека затоа размената на мислења што ќе се оствари денеска е неопходна, Штајнмаер истакна дека земјите кои се наоѓаат во ЕУ по одлуката на Велика Британија ќе ја покажат волјата да ја направат Европа силна.

Штајнмаер нагласи дека треба да се произведат решенија за мигрантите за кои човештвото бара одговор, миграцијата, вработувањето на младите и безбедноста.

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер напомена дека одовде ќе се даде знак за продолжување на овој проект на успех во кој долги години владеа мир и стабилност.

Штајнмаер беше запрашан за неговиот став во врска со критиките на некои земји на ЕУ за ова состанување на министрите за надворешни работи на шесте основачки земји на Унијата и притоа укажа на тоа дека вчера во Луксембург се состанал со министрите за надворешни работи на 28 земји членки на ЕУ, дека повторно ќе се состане со своите колеги и во наредните денови и дека во понеделник канцеларката Ангела Меркел ќе ги дочека во Берлин францускиот претседател Франсоа Оланд и италијанскиот премиер Матео Рензи.



Слични вести