САД во борба против поплави и шумски пожари

Поплавите предизвикани од силните врнежи од дожд во сојузната држава Западна Вирџинија одзедоа најмалку 14 животи, а во шумскиот пожар во Калифорнија животот го загубија две лица

518039
САД во борба против поплави и шумски пожари

САД од една страна водат борба против поплави, а од друга против шумските пожари во кои животот го загубија најмалку 16 лица.

Поплавите предизвикани од силните врнежи од дожд во сојузната држава Западна Вирџинија одзедоа најмалку 14 животи.

Беше пронајдено и мртвото тело на едно 8-годишно дете за кое претходно беше соопштено дека исчезнало во поплавите.

Гувернерот на западна Вирџинија Ерл Реј Томблин истакна дека продолжува да расте штетата предизвикана од катастрофата од поплави и дека некои места се соочени со најголемата трагедија на векот.

Гувернерот рече дека е прогласена итна состојба во 44 помали и поголеми населени места и дека итно во погодените подрачја биле испратени 150 војници на Националната гарда.

Во поплавите беа оштетени патиштата, беа срушени и оштетени мостовите и беа срушени голем број куќи.

Поради поплавите голем број куќи и голф терени останаа под вода, додека во Елквиев приближно 500 лица беа заглавени во еден купопродажен центар.

Во поплавите беше предизвикана голема штета во над 100 куќи, а поради оштетување на електричните линии најмалку 500 илјади луѓе останаа без електрична струја.

Во сојузината држава Калифорнија пак пожарот што се појави во шумските предели под дејство и на жешкото време и ветрот се прошири и на едно населено место при што две лице го загубија животот, 100 куќи беа доведени во неупотреблива состојба, додека пожарот продолжува да претставува закана за уште 1.500 куќи.

600 пожарникари водат борба против огнената стихија, а во погоденото подрачје се испратени и дополнителни екипи.

Во меѓувреме продолжува и истрагата за обелоденување на причината за појава на силниот пожар кој под дејство и на ветрот брзо се шири и продолжува на површина од 8 илјади хектари.

Заедно со жешкоот време за кое се очекува да се зголеми на крајот од неделата за некои места меѓу кои се наоѓа и градот Лос Анџелес е доставено предупредување „црвено знаме“ кое означува опасност од силен пожар.



Слични вести