Британскиот еврокомесар Џонатан Хил поднесе оставка

Британскиот еврокомесар Џонатан Хил истакна дека по донесената одлука на одржаниот референдум за напуштање на ЕУ нема да биде правилно да продолжи да ја извршува оваа негова должност

518226
Британскиот еврокомесар Џонатан Хил поднесе оставка

Највисокиот функционер на Велика Британија во ЕУ еврокомесарот Џонатан Хил по донесената одлука на одржаниот референдум за напуштање на ЕУ истакна дека поднесува оставка како член на Европската комисија.

Велејќи дека нема да биде правилно да продолжи да ја извршува оваа негова должност, британскиот еврокомесар Хил рече: „Многу сум разочаран од одлуката која што произлезе од рефрендумот исто како и голем број лица во Брисел и Обединетото Кралство. Се надевав дека резултатот од референдумот ќе биде различен. Но таа одлука веќе е донесена и не можеме да се однесуваме како да не е донесена.“

Истакнувајќи дека неговата земја влезе во еден нов период, Џонатан Хил рече дека нема да биде правилно да продолжи да ја извршува неговата должност како ништо да не се случило и додаде дека за да не дојде до застој во работите ќе остане уште неколку недели, но дека потоа ќе ја предаде должноста еврокомесар на Велика Британија.



Слични вести