Барни Сандерс: На изборите ќе гласам за Хилари Клинтон

Сенаторот од Вермонт Барни Сандерс, кандидатот за номинацијата на Демократската партија за рпетседател на САД истакна дека не се откажува од изборната трка, но рече дека на изборите ќе гласа за нејзината ривалка сопартијка Хилари Клинтон

518184
Барни Сандерс: На изборите ќе гласам за Хилари Клинтон

Сенаторот од Вермонт Барни Сандерс кој води борба за номинирање за кандидат од редовите на Демократската партија за нов претседател на САД на изборите закажани за 8 ноември оваа година сеуште не соопшти дека се откажува од изборната трка, меѓутоа рече дека на изборите ќе гласа за нејзината ривалка сопартијка Хилари Клинтон.

Сандерс гостуваше во една програма на телевизијата MSNBC и притоа нагласи дека знае оти не располага со доволен број делегати за да стане кандидат за претседател, но дека ќе ја продолжи својата кампања до одржување на конгресот на неговата партија.

На едно поставено прашање Сандерс истакна дека на изборите закажани за 8 ноември на кои ќе биде избран новиот претседател на државата ќе гласа за Хилари Клинтон.

Укажувајќи на тоа дека треба да се спречи изборот на Доналд Трамп, евентуалниот кандидат од Републиканците, Барни Сандерс рече: „Ќе направам се што е во моја можност за да го поразам Доналд Трамп.“



Слични вести